Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески заедно со Александар Наумовски градоначалник на Општина Ѓорче Петров денеска направија увид, како што вели министерот, во еден од најзначајните проекти за општината, а тоа е доизградбата на канализациона мрежа во неколку населени места во општината.
Министерот Сугарески нагласи дека со овој проект се решава долгогодишниот проблем на граѓаните и потенцира дека истовремено се заштитува и животната средина и здравјето на локалното население.
Сугарески вели дека врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, е секаде каде што нема водовод и канализација да се изгради.
„Овие години интензивно работиме со цел што повеќе да ја покриеме територијата на земјата со комунална мрежа и досега тоа успешно го реализираме. Само во моментов работиме на преку 20 проекти за изградба и реконструкција на водоводи и канализации во вредност од околу десетина милиони евра.“, истакна министерот Горан Сугарески.