АНБ го демантира Чулев. Опремата за следење на комуникации со кои располагала поранешната УБК е предадена на Оперативно техничката агенција, за што е изготвен соодветен записник за примопредавање потпишан од директорите на УБК и Оперативно техничката агенција, стои во демантот на АНБ за тврдењата на министерот Чулев за преслушување.
МИНИСТЕРКАТА за одбрана, Радмила Шекеринска ја објави одлуката на Советот за етика на медиуми која го уважила приговорот кон Алфа ТВ за прекршување на начелото за застапеност на втора страна при известување.
СДСМ стана репрезент на сите етнички групи. Едно општество за сите не беше само флоскула, туку реална политика, и со законите што го носиме и со процесите што ги водиме, истакнува Манчевски.
ЈАВНОТО сообраќајно претпријатие Скопје сooпшти дека од денеска, 29 мај (петок), повторно важи бесплатниот јавен превоз за жени со/над 62 години и мажи со/над 64 години, во вторник, петок, сабота и недела.
АМЕРИКАНСКИОТ претседател Доналд Трамп синоќа ја потпиша извршна наредба за ограничување на заштитата на социјалните мрежи од тужби.
СО искази на дел од обвинетите и со обраќањето на обвинителството пред Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, денеска треба да заврши јавната седница по жалбите за пресудите за насилставата во Собранието на 27 април 2017 година.
АКТИВНИ 470 случаи на заболени со Ковид-19, најмногу во Скопје. Досега во земјата се направени вкупно 27.023 тестирања на Ковид -19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 2.077 заболени од коронавирус, починаа 121, а оздравени се 1.486 лица.
ВРЕМЕТО денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
ДЕВЕТМЕСЕЧНО бебе со Ковид-19, било итно префрлено со авион од Скопје за Цирих, Швајцарија, каде се неговите родители, потврдила за ТВ Нова директорката на Клиниката за детски болести во Скопје.
Ј. Ѓ.