ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Џандарско мочуриште

May 29, 2020 11:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Нема ништо политички поубиствено за една партија од тоа раководството на партијата да е потпаднато под силни влијанија на аморфни безбедносни структури. Таквите структури имаат три главни карактеристики. Прво, тие се составени од школувани, главно многу интелигентни, а потоа, со текот на годините, и искусни експерти за манипулации со информации. Второ, немаат тие никакви идеолошки предрасуди, ниту преферираат повеќе власт или опозиција – за нивното „мочуриште“ секој политички полноглавец е добредојден оброк. И, трето, тие никогаш не се бивши, дури и кога, божем, ќе заминат во пензија.

Во изминатите децении многу пати сум ја употребил метафората дека, кога ќе влезете во нивната „реалност“, ви треба голема самоконтрола и искуство за да не ве „проголта“ нивниот свет на „искршени огледала“. (Полу)информациите со кои тие располагаат, по правило, се атрактивни и ексклузивни, но многу е тешко да препознаете каде почнуваат, а каде завршуваат тие игри со факти и селектирани делчиња од некаква конструирана реалност; и, потоа, манипулативните интерпретации на „вистините“ што произлегуваат од таа вешта игра на факти и интерпретации.

Нив не можеш да ги исчистиш со „ветинг“ во службите. На нив „службата“ им е во главите, а не во службените канцеларии и легитимации.

Тие безбедносни структури живеат и градат лични кариери (а и бизниси) од сопствената вештина во „трговијата“ со тие манипулации. Политичарите (и новинарите) им се главна мета во таа континуирана купи-продај дејност. Тие за нив се само „потрошен материјал“ кој на „пазарот“ секогаш го имаат во изобилие, бидејќи „робата“ што тие ја продаваат е секогаш барана и држи висока цена. Како кај дрогата, трикот е само континуирано да го одржуваат пазарот на понуда и побарувачка, постојано со нови регрутации на „зависници“. Како и во нарко, така и во безбедносните надигрувања најтешко паѓаат шефовите на „дилерските мрежи“ со информации, дури и кога ќе демистифицирате некоја структура на „улични препродавачи“ со дезинформации и полувистини.

Значи, нив ги има насекаде, но се плашам дека, во моментов, раководството на нашата опозиција е особена цел токму на вакви безбедносни операции на еден полусвет растрчан наваму-натаму. „Белиот дворец“ е затрупан од канети и непоканети емисари кои им соопштуваат разни импресивни полуинформации, поткрепени со бројни „уверливи докази“ добиени од нивните „сигурни извори“: снимки, документи, преписи, фотографии… Кои потоа уверливо им ги интерпретираат на начин на којшто знаат дека ќе им се допадне на опозиционерите. Рецепт за политичка катастрофа.

Резултатот од тоа е што опозицијата веќе подолго време живее во перпетуалниот свет на конспирации и паранои, во постојана потрага по „крунската афера“ со чие објавување ќе дојдат на власт! Што би рекле Србите: „Ево, само што није!“

Затоа, на пет-шест недели пред избори, опозицијата располага со, тук-там, парцијални решенија за социјалните, економските и политичките проблеми во државата, со аргументи и флоскули кои редовно завршуваат хаварисани во судир со оние на власта. Но, „ракавите“ им се полни со аферашки „адути“ со чие спектакуларно објавување, се надеваат, ќе добијат доволна јавна поддршка за враќање на власт. Само на тоа мислат, 24/7 се со тоа преокупирани, целата пропагандна машинерија им е така „набричена“ за да ги изблуе скандалите со кои ќе ја шокираат јавноста – и ќе победат на изборите!

Наќе Чулев е раскошен пример за тоа: еден просечен политички апаратчик кој не може да се справи со големите предизвици што ги носи неговиот ресор во време на здравствена и политичка криза, па таа криза само ја продлабочува; но, којшто најголем дел од времето го поминува во потрага по некоја „крунска афера“ што миракулно ќе ја доведе неговата партија на власт. Затоа и му се случува на пладне да соопшти, без никаков доказ или посериозна индиција, „голем скандал“ за незаконски прислушувања што наводно ги прави и новата Агенција за национална безбедност – за целата работа трагикомично да се „издише“ до вечерните вести. И така ќе биде до избори, со слични инфантилни „спектакуларни“ објави.

Плус, слушам дека, повторно, со оној во Будимпешта комуницираат преку сателитски телефони, овој пат набавени преку Белград. Кога пред некоја година набавуваа такви сателитски телефони од некои Израелци, го прашав оној што ми се фалеше: „Добро, бе, убаво што сте купиле сателитски телефони за да не ве слушаат кога разговарате – а, купивте ли и сателит со телефоните?!“ … Оној во Будимпешта и сега мисли дека проблемот му е Заев.

Врзете ги појасите, ќе се занесуваме во остри свиоци уште неколку недели. Со малку среќа, од средината на јули, патот ќе се подисправи. Но, мочуриштето нема да пресуши.


 

Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk