Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
Ќе дува умерен, наместа засилен ветер претежно од северозападен правец, особено ќе биде поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени. УВ-индексот ќе биде 6.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 21 степен.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината.
Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно, облачно со пороен дожд и појава на грмежи./МИА/