Таткото на Моника Ристеска (31) попозната како Конопова во полиција пријавил дека го нападнала со тврд предмет. Пријавата, според она што е заведено во полицискиот билтен, се однесува на истиот настан за кој Моника алармираше на социјалните мрежи.
На 26 мај, таа споделувајќи фотографии со крваво лице на социјалните мрежи, соопшти дека е жртва на семејно насилство и дека нејзиниот татко ( за кого пиша дека е алкохоличар) вечерта ја претпал со дрвено столче. Таа го пријавила уште вечерта го пријавила во полициска станица, а се упатила и во болница каде ѝ била укажа медицинска помош.
Нејзината мајка преку социјалните мрежи демантираше дека била нападната.
Нејзиниот татко со иницијали С.Р. вчера во 11:30 часот пријавил дека истиот ден, на 26 мај бил нападнат од неговата ќерка.
„Вчера во 11:30 часот во полициската станица Ѓорче Петров, С.Р.(65) од Скопје пријавил дека на 26 мај 2020 околу 21:30 часот во семејниот дом на ул. „Антон Чехов, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од неговата ќерка М.Р.(31) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.