ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Признанието на „добриот полицаец“ Наќе

Нека е и технички министер на МВРО во прашање, но неговата изјава е директно признание дека тој не ја извршува својата и ја оневозможува основната функција на полицијата – безбедноста. Ако треба да има продолжување на вонредната состојба, мора да се преземат мерки таа повеќе да не биде чадор за опасни безбедносни игри и загрозување на јавното здравје. Поважно од вонредна состојба во моментов е да се организираат избори за да се спаси државата од министри како Наќе.

May 30, 2020 10:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Пред да ја разгледува опцијата за продолжување на вонредната состојба, Советот за безбедност на средбата кај претседателот Пендаровски треба да ја разгледа безбедносната состојба во земјата што произлегува и од неодговорното и незрело однесување на дел од политичките структури во земјава. Пред сѐ, на јавноста ѝ е потребна оценка на безбедносната состојба во земјава поради непостапувањето на полицијата во ситуации во кои е сосема јасно дека мора да постапува, за да го заштити јавното здравје. Вистинските размери и последиците од инертноста и политичката злоупотреба на полицијата, допрва ќе се почувствуваат и тоа во период кога на земјава најмалку ќе ѝ биде потребно тоа.

Навистина, еден министер, па нека е и Чулев, не смее да си дозволи изјава дека „тој не сака да ги казнува граѓаните“. Премногу е наивно популистичка и истовремено опасна. Кој ќе ја лапне таа јадица, мора да е сом, коментираше еден мој другар. Не мора да се биде којзнае колку информиран и свесен за да се заклучи дека никој не бара од него да казнува. Тоа беше работа на една негова сопартијка и претходничка во истиот ресор, кога казнувањето и репресијата беа начин да се одржува режимот и да се спроведуваат изборни кражби. Задача на еден министер за внатрешни работи е да го спроведува законот, да им служи и да ги заштитува граѓанките и граѓаните. Во случајот со Чулев, тој е министер во преодна влада чија основна задача е да обезбеди слободни избори. Ништо повеќе!

Во секој случај, било да е во преоден или редовен владин состав, обврска на министерот за внатрешни работи е да се грижи за безбедноста на граѓанките и граѓаните. Тоа му е работата. Како што тоа го прават лекарите кога некој е болен. Како што пожарникарите го гасат пожарот кога гори куќа.

Еве да биде полесно за разбирање… Изјавата на „добриот полицаец“ Чулев е исто како сообраќајниот полицаец да каже дека не сака да го казни возачот што прегазил човек на пешачки премин! Таквиот став би значел крајно неодговорно однесување за кое следи отказ од работно место и строга казна. Нека е и технички министер на МВРО во прашање, но неговата изјава е директно признание дека тој не ја извршува својата и ја оневозможува основната функција на полицијата – безбедноста.

Советот за безбедност и Претседателот, професорот Пендаровски, сигурно ќе се сетат да ги разгледаат последиците од ваквата изјава. Понатаму, Советот за безбедност сигурно ќе ја земе предвид безбедносната состојба на земјата доколку прогласат продолжување на вонредната состојба. Како токму продолжување на вонредната состојба ќе се одрази на демократијата и на функционалноста на институциите, а секако и врз безбедноста во земјата? И тоа прашање е важно, освен реакцијата која на многумина им се чини логична во овој момент – продолжување на вонредната состојба.

Продолжување на вонредната состојба може да биде неизбежна одлука. Но таа ќе значи и продолжување на лимбо ситуација, без демократски институции, со техничка влада во која има ликови што ги загрозуваат демократијата, владеењето на правото, човековите права и безбедноста. Но поважно од вонредна состојба во моментов е да се организираат избори за да се спаси државата од министри како Наќе.

Имаме техничка влада за спроведување избори, во која министерот за здравство јавно го опоменува министерот за внатрешни работи дека не си ја врши работата, со што нему и на здравствените работници им отвора уште повеќе работа. Наспроти тоа, „добриот полицаец“ не гледа подалеку од „отсјајот“ на ракавиците на полициски службеници со високи чинови што му се ентураж на неговиот партиски лидер. Имаме влада во која министрите требаше да спроведат изборен процес за 100 дена, а биднаа 148 дена до сега (30 мај).

Имаме влада од преоден, изборен карактер, а беше ставена во ситуација да се бори со коронавирусот, но и со инфодемијата чиј генератор се МВРО и нивните куртон медиуми. Тоа е влада во која едни го штитат јавното здравје и продолжија со ЕУ и НАТО агендата, а други водат црна партиска кампања со злоупотреба на службената положба и јавните ресурси. Ова е влада без неопходната демократска контрола од парламент. Нешто што им одговара само на антизападните и антидемократските структури, чија главна преокупација се парите и бегството од правдата.

Верувам дека и Претседателот и Советот за безбедност веќе знаат дека, ако треба да има продолжување на вонредната состојба, мора да се преземат мерки таа повеќе да не биде чадор за опасни безбедносни игри и загрозување на јавното здравје.

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk