МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави фотографии од новиот изглед на Клиничкиот центар по реконструкцијата.
ЗГОЛЕМЕНИОТ број заразени и починати лица од коронавирусот е главна причина за четвртата вонредна состојба во државава што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски.
МЗ заедно со ЦЈЗ, а под асистенција на МВР ќе направат акција да се земат епидемиолошки анкети од семејството на покојникот кој починал во приватна болница и кој не бил закопан под протокол за вирусот КОВИД-19, иако посмртниот брис му бил позитивен.
ГРАЃАНИТЕ уште денеска ќе можат да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави. Ако тоа не го сторат, од 1 јуни Управата за јавни приходи ќе ги смета даночните пријави за конечни.
ПРЕКУ 40 милиони млади во светот на возраст од 13 до 15 години користат тутун. Секоја година тутунската индустрија инвестира повеќе од девет милијарди американски долари за рекламирање на своите производи. Младите луѓе сè повеќе стануваат нејзина и мета на никотинските и тутунските производи.
ВРЕМЕТО денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во ноќните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
А. Н. Стојчевски