ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Детектор: Половина од граѓаните не планираат да одат на одмор ова лето

Според него, 47,1 отсто од анкетираните граѓани велат дека не планираат да летуваат оваа година,

May 31, 2020 19:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Половина од граѓаните не планираат да одат на годишен одмор ова лето, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 47,1 отсто од анкетираните граѓани велат дека не планираат да летуваат оваа година,
додека 33,7 отсто велат дека ќе одат на одмор.

Од оние кои ќе летуваат, 32,9 отсто велат дека тоа ќе го сторат во Македонија, додека 28,8 проценти во
странство.

Најголем дел од граѓаните кои ќе летуваат или 9,6 отсто велат дека ќе одат во Охрид. Седум проценти  планираат одмор во Грција, 4,2 во Албанија, по 2,3 во Турција и во Дојран а 2,1 отсто во Струга.
Имајќи ја предвид кризата со корона вирусот 46,8 проценти од граѓаните велат дека оваа година нема да имаат пари за да одат на одмор, додека 34,9 отсто сметаат дека ќе најдат финансиски средства за
летување.

Со оглед на проблемите кои ги предизвика вирусот, 16,1 отсто од граѓаните стравуваат дека оваа
година воопшто нема да бидат во можност да го земат годишниот одмор, додека 28,5 отсто велат
дека нема да имаат проблем со тоа.

Сепак, летувањето на граѓаните, според анкетата на Детектор многу ќе зависи од мерките кои ќе
мора да се почитуваат. Па така, 60,8 отсто од граѓаните велат дека нема да одат на одмор ако се уште мора да се почитуваат мерките за социјална дистанца и носење маски, а за 21,4 отсто тоа нема да биде проблем за да летуваат. 78,6 отсто од граѓаните велат дека не би отишле на одмор ако по враќањето мораат да поминат самоизолација или карантин во Македонија, додека 11,6% велат дека ниту тоа не би ги спречило да летуваат.

Во однос на најавеното тестирање на границите, 65,7 отсто велат дека нема да одат на одмор ако
мора да прават тестови пред поаѓање, додека 22,6 отсто се спремни и да се тестираат само за да
летуваат. 52,1 отсто од граѓаните велат дека ова лето на годишен одмор на планираат да патуваат со автобус или авион, додека 26,4 отсто велат дека се подготвени за тоа.

Истражувањето на јавното мислење е спроведено телефонски од Институтот за политички
истражувања Скопје во периодот од 13 до 14 мај годинава, врз репрезентативен примерок од
1108 испитаници, со маргина на грешка од плус-минус 3 отсто.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Хујсен и официјално нов фудбалер на Реал Мадрид

May 17, 2025
ФИИ на Х скриншот

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ја гледа во ЕУ

May 17, 2025
Дехран Муратов, новинар ЦИВИЛ(Фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Муратов: Да се биде новинар, прво треба да се биде човек, со зборови, но и со срце да не дозволиме Сребреница да се повторува

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССНМ: Оценките на претседателката Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk