ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Патувањата на „Кругови“ од хартија до клавир

October 7, 2025 10:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ТИНА ИВАНОВА

Романот ,,Кругови” го пишував кога се роди син ми. Додека бев на породилно. Се сеќавам, останував често сама, мојот тогашен сопруг работеше дупло за да имаме да живееме (мене платата ми беше мизерна, плус кредити куп). Ќерка ми имаше веќе 4 години и одеше во градинка, а јас и Макс (во романот наречен Тигар) бркавме мравки од домот. Само што се преселивме, реновиравме. Имавме кујна и можев да готвам, а Макс го држев цело време на левиот колк. Со десната рака мешав во тенџериња, а во минутите кога не го правев тоа, пишував во една стара нотна тетратка останата од факултет. Со Макс заедно, се разбира. Потоа се префрлив во тетратка по коцки. Чекав да се вратам на работа и се тоа да го префрлам во компјутер.

Силна инспирација ми беа моите две омилени сосетки: тетка Лидија, постара, силна и страшно духовита жена, којашто, за жал, повеќе не е меѓу нас и неизмерно ни’ недостига на сите коишто ја познававме, и Деспина, со којашто заедно ги растевме бебињата, а таа тогаш се усовршуваше за психолог (денес веќе позната и влијателна во тој свет). Деспина и сега ми е фејворит, си се наоѓаме во животот за сè и сешто.

Често шетавме во парк, ама најубаво ни’ беше на тераса дома – сите три. Турско кафе, утринско сонце со сеирџиски поглед на ,,Ѓуро Ѓаковиќ” и итроштините и фантазијата на тетка Лидија.

Така ,,Кругови” настана многу спонтано. Писателот Александар Прокопиев и Ненад Стевовиќ од ,,Или-Или” ми дадоа зелено светло и потоа книгата имаше убаво патување. Доби силно позитивни критики, дури ме застануваа рандом луѓе на улица, претежно млади, да ми кажат дека сум напишала нешто предобро. За мене беше тоа шок; aма и убаво чувство.

По години, се здружив со нашиот, според мене, најдобар пијанист Дино Имери, кому како на добар пријател, му ги подарив сите мои книги, меѓу нив и овој мој роман/новела кој ме научи, од самата себе произлезено, дека сè во животот има кружен тек и циклична судбина. Сè се враќа – настаните, луѓето, постапките. Дино силно се инспирирал од приказната и напишал неколку прекрасни дела за пијано со истото име. Инаку, за оние што не знаат, тој е и одличен композитор.

Всушност, Дино така добро ја доловил атмосферата од книгата, што ми се вратија сите сеќавања; и како ја слушам музиката, плачам. За минливоста на животот, за тетка Лидија, за Мирко Попов којшто притоа ми даде убава анализа, за Тихо чијшто живот заврши прерано, за разделбите помеѓу луѓето, за уништувањето на креативноста, за деструкцијата на Скопје, за доминацијата на простодушноста… За тоа дека моите деца брзо пораснаа, за тоа што револуциите на Марта, Леви, Франц, Миро, мајка ми (ликовите од романот) не успеаја во медиокритетско општество.

И кој би ги свирел тие пиеси, ако не сестра ми Дуња којашто е мојот разум. Мојата совест и свест. Моето сè.

Дуња, силната и во исто време нежна жена. Дуња којашто ја има најискрената насмевка на светот.

Дуња, којашто во Скопје направи многу концертни премиери на дела, што овде никогаш повеќе не се извеле.

Така ќе биде и сега.

На 8 октомври (среда) во КИЦ во 20 часот, премиерна изведба на музиката инспирирана од мојот роман. Ќе прочитам и јас нешто од книгата на сцена.

Повелете заедно да ги вртиме КРУГОВИТЕ на уметноста наречена живот!

П. С. Ќе бидат изведени и дела од Ханиа Рани и нашиот Давор Јордановски, со кој пак, заедно растевме во Аеродром, а потоа заедно учевме на Музичката академија.

(Ме фати носталгија, тоа е )

 „Кругови“ на Фронтлајн:

ФЕЉТОН: „КРУГОВИ“ – роман на Тина Иванова, 13 ДЕЛ

 

 

 

Tags: Дуња ИвановаКруговиТина Иванова
Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Француската влада падна за 24 часа, Европа стравува за еврозоната

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk