ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Зошто Мицкоски е на иста линија со инфодемијата?

До вчера слушавме како Мицкоски ѝ верува и се потпира на Комисијата за заразни болести, за потоа да бара нивна смена, да ги обвини за партизираност. Им одржа долга и здодевна лекција на здравствените работници за Хипократовата заклетва и за нивниот морален интегритет. Навредливо, крајно навредливо. И во линија со инфодемијата која има цел да го поткопа кредибилитетот на здравствените институции.

May 31, 2020 14:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Во својата бескрајна тирада пред злокобната Бела палата (30 мај), без ни малку задршка и пристојност, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, познат и како Извичник, ги понижи и навреди здравствените работници. Тие што деноноќно се на првата линија и ги ризикуваат своето здравје и живот, нив ги навреди. Се разбира, се обиде да ја навреди и интелигенцијата на сите останати што го слушнаа или прочитаа неговиот говор и одговорите на новинарските прашања.

Но затоа го испофали својот Наќе. Истиот што е на чело на нападот врз професионалниот и моралниот интегритет на МВР и што од петни жили се обидува да го врати стариот „отсјај“ на МВРО. Со своите паушални оценки и „јас, па јас“ настапот, тој го исполни својот горчлив настап со навреди и клеветења на адреса на сите, освен на своја адреса. Горчлив, нервозен, непријателски и клеветнички настап. Само да не се одело на избори!

Навистина, ако на Мицкоски му е страв да оди на избори, не мора сите да ги прави будали, да ги понижува и навредува, а најмногу оние што се најзаслужни и најпотребни во борбата против коронавирусот. Се чини дека неговиот агитпроп ги исцрпи сите, па и најевтините трикови, во обидот да ја излаже јавноста дека изборите се опасни по здравјето. Неговите настапи во јавноста се такви што, дури и да повтори некоја критика на сметка на владата или институциите, што претходно ја искажале релевантни познавачи на состојбите, тоа во неговиот настап звучи како пропаганда со цел да се спаси себеси и партијата од одговорноста.

Со продолжување на вонредната состојба, се продолжува и политичкиот живот на Мицкоски. Непрекинато, поточно опседнато, го повторува името на Зоран Заев. Со леснотија обвинува, употребувајќи ги зборовите диктат, партизираност, фамилија, корупција, криминал – состојби познати од времето на режимот… Зошто?

До вчера слушавме како Мицкоски ѝ верува и се потпира на Комисијата за заразни болести, за одеднаш целосно да го промени мислењето, па сега бара нивна смена и ги обвинува за партизираност и послушништво, за кршење на Хипократовата заклетва… Им одржа долга и здодевна лекција на здравствените работници за Хипократовата заклетва и за нивниот морален интегритет. Навредливо, крајно навредливо. И во линија со инфодемијата на чија мета е токму кредибилитетот на здравствените институции, со што предизвикаа невидени штети и трагедии насекаде во светот.

Можеби играњето чочек по кафеанските маси и непостапувањето на полицијата треба да се протолкуваат како грижа за здравјето? Шегата на страна, се работи за нешто сосема друго, тоа е барем очигледно.

Деновиве, повторно станавме светски познати по „фарми“ на тролови – македонската интернет „војска“ за која светот дозна по изборите во САД на кои победи Доналд Трамп, а потоа и за време на Референдумот од 2018. И сега станавме светски познати по ширењето на лажните вести, митовите и говорот на омразата поврзани со пандемијата. Ова е период кога го гледаме Мицкоски, неговата партија и низа други, помали политички, а секако и криминални ентитети, како дејствуваат во иста линија со инфодемијата. Случајно и неповрзано едно со друго? Јас не мислам така. (Ало, СЕММ, ова е мој личен став и вредносен суд. ОК?)

Времето е исклучително важен фактор за Мицкоски. Што повеќе го одложува изборниот процес, толку повеќе живот има за него на политичката сцена. Свесен е дека му се заканува смена во партијата и дека Груевски веќе одамна разговара за тоа со луѓе од неговото најблиско опкружување. Бизнисите што ги доби од Груевски му се, исто така, загрозени. Сеедно му е што вонредната состојба е ризик и за неговата партија, нему му е важен неговиот опстанок, макар да се мери и со денови и недели.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk