Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, при посетата во Битола се сретна со граѓани и ја поздрави нивната одговорност за почитувањето на мерките против ширење на вирусот Ковид-19. Таа охрабри дека со така одговорно однесување може да се гласа на избори на 5 јули со што би се обезбедиле функционални институции.
Меѓу граѓаните на Битола. Ме уверија дека нивната одговорност за почитување на мерките за заштита на здравјето е на високо ниво. Само со така одговорно однесување ќе можеме безбедно да го искористиме демократското право да гласаме на изборите на 5 јули и да си обезбедиме функционално Собрание и нова, политичка влада, напиша во пост на Фејсбук министерката Шекеринска.
A. Н. С.