Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и советникот за односи со јавност на претседателот на Владата, Марјан Забрчанец се во домашна изолација поради тоа што имале контакт со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.
– Согласно препораките на епидемиолозите, поради средбата со мојот другар и колега Мухамед Зекири, во наредните девет дена ќе бидам во самоизолација. На средбата беа применувани здравствените протоколи, но сепак препораките на здравствените експерти се најважни и мора да ги почитуваме. На Муки и семејството им пожелувам брзо закрепнување. На сите други Ви посакувам добро здравје, напиша министерот Манчевски.