Членот на Центалниот комитет на СДСМ во Кисела Вода, Филип Андов- Сокол за 24 Инфо демантира дека имало инцидент со носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 5, Игор Дурловски. Дурловски изјави дека лицето Ф.А. вработен како советник во Владата во неколку наврати вербално го нападнал во сообраќај.
Андов за 24 Инфо рече дека не е повеќе советник во Владата и не коментира „шарлатански игри“.
-Не сум повеќе советник на Влада. Откако Зоран Заев си поднесе оставка си поднесовме оставка сите негови советници. Сега сум само член на централниот комитет на СДСМ во Кисела Вода и шеф на безбедност на кампања. Во врска со наводниот инцидент денеска ќе кажам дека ситни шарлантантски игри не коментирам. Некаде околу 13 часот се пресретнавме на семафори при што го отвори прозорецот и цинично ми довика ,,ќе изгубите” при што му кажав „сто години треба да лежите, времето на дпмне и квази патриоти заврши“.Уште не сум бил во полиција може и лаже дека пријавил, а и не знам по кој основ би го направил тоа, рече Андов за 24 Инфо.