Денеска има 67 нови случаи со Ковид-19 кои се регистрирани до сега во изминатите 24 часа. Оздравени се 25 и еден пациент е починат, соопшти министерот Филипче на денешната порес-конференција.
Филипче рече дека во Штип се затвортени шесте конфекции каде што последниве денови се појави кластер на заразени и се тестираат сите вработени.
– Игнорирањето на вирусот нема да помогне да се надмине оваа состојба, нагласи министерот Филипче. Тој порачува да се почитуваат мерките на заштита и нагласува дека рестриктивните мерки може да ги избегниме само ако се придржуваме кон препораките.
Министерот рече дека знаеме со што се соочуваме, дека се познати кластерите и нагласи дека здравствениот систем може успешно да се носи со овој бран на нови случаи од корона вирус.
„Се разгледува можноста за враќање на рестрикциите и во зависност од анализите одлуката дали тие ќе се вратат ќе знаеме во наредниве денови.“, потенцира министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
Ј. Ѓ.