Би сакал да ги информирам сите вработени во текстилната индустрија, дека ќе направам сè, овој продолжен викенд кога се најавува карантин во Штип, да има најстрога забрана за работа, напиша градоначалникот Благој Бочварски на Фејсбук.
„Ова се моменти кога одговорноста на секој општествен чинител мора да биде на највисоко ниво, вклучувајќи ги институциите, стопанствениците и работниците.
Ве повикувам сите, да бидеме одговорни, да си помогнеме себе, да им помогнеме на здравствените работници во овој сериозен момент.
Затоа утре Владата ќе го разгледа овој предлог од Општина Штип.
Вирусот ќе го победиме, со многу одговорност, дисциплина и меѓусебно разбирање.“, пишува во објавата на Бочварски.