ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

ЕБР интервенираа во ресторанот каде бил затекнат Мицкоски бидејќи се бришеле снимките од камерите

June 3, 2020 22:58
in ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Екипи на Единица за брзо распоредување интервенираа во ресторанот каде беше затекнат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пренесува А1он.

Тие интервенираат бидејќи се бришеле снимки од надзорни камери на кои се гледа дека угостителскиот објект работел, а внатре бил Мицкоски.

Додека инсистирале да направат увид, затекнале како политичар излегува од објектот.

Началникот на СВР Скопје, Ристо Ставревски, вечерва информираше дека по примената информација дека пазарната инспекција, која денеска беше спречена да изврши контрола на една кафеана на боемската улица, била и физички нападната, пристигнал пред објектот и по пристигнувањето од инспекторите добил информација дека немаат никаков проблем, ниту потреба од асистенција, објави Телма.

Тој истовремено повикал и полициски службеници и инспектори доколку имало напад на службено лице, да се постапува за загрозување на безбедноста.

Бидејќи немало таква потреба, Ставревски додаде дека продолжил со своите редовни активности но се вратил на истата локација откако добил информација дека таму се распоредени припадници на единицата за брзо распоредувања , кои се под команда на началникот за специјални полициски операции и по наредба од директорот за јавна безбедност.

Таму разговарал и со дополнителниот началник, кој е дел од организацијата на техничката влада, кој има подеднакви ингеренции во однос на постапувањето.

Од директорот за јавна безбедност добил информација дека има лица кои се во внатрешноста на кафеаната, спротивно од правилата, и дека вратата е заклучена.

Ставревски прецизираше дека распоредените сили сега чекаат да биде обезбедена судска наредба за да се влезе и провери веродостојноста на исказите, како и да се обезбедат видео снимките од видео надзорот.

Претходно вечерва, раководителката на Инспекциски надзор одделение Скопје, Мери Проја Продановска,  одржа прес-конференција на Боемска улица во Скопје на која изјави дека инспекторите од Државен пазарен инспекторат, денеска околу 18:30 часот биле спречени да направат контрола во внатрешниот дел во угостителски објект, на оваа улица, со образложение дека угостителскиот објект е од затворен тип и нема гости внатре. Сепак на излегување, кога се вратиле по 2,5 часа виделе дека оттаму излегува лидер на политичка партија. Иако Продановска не спомена име, сепак претходно медиумите објавија дека станува збор за Христијан Мицкоски. 

„По два и пол часа се вративме и повторно не нè пуштија да направиме надзор. Од угостителскиот објект излегол лидер на политичка партија“, рече Проја Продановска.

Таа најави дека против угостителскиот објект, односно економскиот оператор ќе биде поднесена кривична пријава по членовите 205 и 206 бидејќи се обавувала дејност во објектот и за спречување на инспекциски надзор.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесетии Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

Шукова: Скопје мора да се врати на скопјани – ова не е само кампања, ова е враќање на духот на градот

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk