Порталот КриТинк објави дека е лажна информацијата која ја објавиле медиумите Вечер и Сител, дека Република Грција забранила влез за жители на македонските општини најпогодени од коронавирусот во земјава.
Во оригиналната објава на Вечер, која сега е веќе избришана, стои дека за жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново и уште неколку други општини е забранет влез во Грција.
На страната на грчкото министерство за надворешни работи стои соопштение во кое не се спомнуваат никакви рестрикции за македонски граѓани.
Нашето Министерство за надворешни работи, исто така ја демантираше оваа вест.
А. Н. Стојчевски