Со нетрпение чекам ново писание на „профата“ Апасиев на сајтот финансиран од англиската кралица! Америка гори, капитализмот пропаѓа, Европа и светот (освен Русија и Кина нормално) се во криза…а нема кој стручно да ни објасни.
Во овие времиња на окупација на медиумите од пропагандата на Сорос и длабоката држава, во окупирана „Северџанија“ од шарени предавници, нели ви фали поширока елаборација на неговите јаки думи од ФБ и Твитер – „Америка и Енглеска биче земја пролетерска“, „Америка пропаѓа – тоа ми се допаѓа“, на цитатите од Јосиф Висарионович Сталин и ставовите на иранското МНР?
Ако нема стручен блог, би се задоволил и со гостување на овој брилијантен ум на некоја од телевизиите на кои често гостува а се жали дека го цензурираат, или на порталите кои секојдневно ги споделуваат овие јаки мисли, без оглед дали се финансирани со наши народни, унгарски, руски, европски, британски или американски пари!
Петрит Сарачини
Фејсбук