Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека во согласност со последните одлуки на Владата за забрана за движење во главниот град, во текот на целиот викенд нема да биде во функција јавниот градски превоз.
Во соопштението на ЈСП се нагласува дека јавниот превоз денес (4 јуни) ќе биде во функција до 21 часот.
Од денеска, четврток (4.06.2020 год) од 21 часот до понеделник (8.06.2020 год) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира.
Времениот прекин е согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во посочениот период на територија на Скопје, стои во соопштението од ЈСП.
A. H. C.