Д-р Марјан Балоски ссци. пулмолог алерголог, во гостувањето на ТВ 24 истакна дека само со разумно однесување ќе се подобри состојбата. Со неодговорното однесување, ќе само ќе се влошува состојбата.
Балоски рече дека во моментов, на клиниката „8 Септември“ има 41 пациент, од кои 15 се со потешка клиничка слика, 9 на респиратор, а 6 со кислородна поддршка. Отпорот на граѓаните кон вирусот и неменување на желбата и навиките за излегување или празнување, и тоа доведе до овој стадиум.
„Треба конечно да се разбере дека се што се презема треба да се почитува и самите да изградиме разумно однесување. Вирусот насекаде прави различна симптоматска слика“ – вели доктор Балоски.