ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Бројката на досега регистрирани случаи на коронавирус низ светот надмина 6 ипол милиони, од кои повеќе од 3 милиони оздравеле.

June 4, 2020 19:12
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот до сега има 6.622.757 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 388.974, а оздравеле 3.198.069 луѓе.

– Во последните 24 часа, едно лице починало во Србија како резултат на коронавирусот, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство, covid19.rs. Вкупниот број  жртви од почетокот на епидемијата е 246. Од последниот пресек на состојбата во Србија, досега се тестирани 4.024 лица на коронавирус, а вирусот е потврден кај 48 од нив. Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Србија, заразени се 11.571 лица, а излекувани се 6.910 пациенти.

Во приватниот дом за стари лица „Масовна зелена куќа“ во Петроварадин-Нови Сад, регистрирана е коронавирусна инфекција кај 22 корисници и шест вработени, изјави претседателот на покраинската влада, Игор Мировиќ. Тој на прес-конференција рече дека станува збор за изолиран случај и дека нема потреба од паника.

– Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека од вторникот, заклучно со денеска во 15 часот, регистриран е еден смртен случаи од Ковид-19, односно 180 од почетокот на епидемијата, а позитивни се уште 15 лица, со што бројот на заразени се зголеми на 2.952 лица.

– Министерството за здравство на Република Кипар попладнево соопшти дека не е регистриран ниту еден нов случаи на Ковид-19 од анализирани 1.996 примероци. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 958 лица.

– Во изминатото деноноќие во Албанија се регистрирани 13 новозаразени со Ковид-19, од кои 11 се во Тирана, каде моментно активни на болеста се 183 од вкупно 266 заболени. Во Инфективната клиника хоспитализирани се 23 пациенти, петмина се на интензивна терапија, додека еден е интубиран. Од почетокот на пандемијата направени се 17.099 тестирања, при што позитивни на вирусот биле 1.197. Од вкупната бројка 75 отсто или 898 се излекувале, додека 33 починале.

– Русија денеска пријави уште 8.831 случај на коронавирус, со што вкупниот број заразени во земјата достигна  441.108. Центарот за одговор на корона-кризата наведува дека во изминатите 24 часа уште 169 лица починале од последиците од вирусот. Досега се пријавени 5.384 смртни случаи во Русија.

– Мексико го надмина САД по бројот на смртни случаи од последиците од коронавирусот на дневно ниво, откако Министерството за здравство регистрира рекордни 1.092 смртни случаи во таа земја.Тоа е повеќе од двојно од претходниот рекорден број жртви на дневно ниво, кој изнесуваше 501.

Во Мексико во текот на вчерашниот ден се пријавени рекордни 3.912 случаи на заразени со Ковид-19, со што вкупниот број заразени во втората по големина економија во Латинска Америка достигна 101.238. Вкупно починале 11.729 луѓе, со што Мексико е седма земја во светот со најголем број смртни случаи од коронавирус, според Центарот за системска наука и инженерство Џон Хопкинс.

– Здравствените власти во Пакистан соопштија дека во земјата има 85.264 лица заразени со Ковид-19, а 1.770 се починати. Пакистан го укина карантинот на почетокот на мај, иако бројот на нови случаи и натаму расте. Си-Ен-Ен наведува дека зголемениот број заразени најверојатно е поради поголемиот број тестирања./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Забрчанец: „Не бев информиран” е новото „сечени-лепени”

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

October 7, 2025

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чарли Ханам како сериски убиец во „Монструм“: Ослабев 14 килограми за улогата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk