Од вечерва (четврток, 4 јуни) во 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот стапува во сила забраната за движење за граѓаните кои живеат во општините на Градот Скопје (Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари) и околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, како и за општините Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово и околните тетовски општини Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце.