ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Поддршка од претседателот на ДФРМ за Горјан Тозија

June 4, 2020 09:47
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Отворено писмо од Игор Иванов – Изи, режисер и претседател на Друштвото на филмските работници, со поддршка за Горјан Тозија:

– Филмот е рефлексија на случувањата во општеството. Дневно-политичките случувања можеби не влијаат директно на авторите и нивната авторска визија, но сепак и тоа како политиката допира до нас, преку поддршка или отсуство на поддршка, преку фаворизирање на селектирани поединци, преку репресија на мислата или давање услови таа да се искажува слободно, преку негување на систем на вредности или нивно рушење. А, филмот за да може да се развива бара пред сè услови, од кои првиот е слободата, бара интелект и знаење за да биде препознаен, бара искуство, транспарентност, етика, почитување на законот и правилата, пишани и непишани.

Сведок сум на скорешниот политички обоен, таргетиран напад на првиот човек на Агенцијата за филм – Горјан Тозија, што за мене претставува и напад на самата Агенција за филм, што во крајна линија, по најуспешната година во историјата на македонскиот филм значи и напад на македонската кинематографија. Јас и Тозија се согласуваме за многу работи поврзани со филмот и филмскиот работник. Понекогаш и не се согласуваме, сме имале спротивставени ставови и јавни несогласувања. Сепак тука не можам, а да не ја искажам поддршката кон него и неговите заложби за унапредување на дејноста и да се спротивставам на сите оркестрирани и предизборно мотивирани напади кон него. Апелирам да не се потпаѓа под повеќе од очигледно нарачаниот и фокусиран притисок кој што се упатува кон Горјан Тозија, а наместо тоа, ги потсетувам институциите да се позанимаваат со случаите каков што е финансирањето на ТВ серијата “Македонија”, платените, а никогаш реализирани филмски проекти, процедурите по кои во минатото биле доделувани средства под политички диктат и вон сите критериуми.

Агенцијата за филм, налик на европските фондови треба да претставува независно тело, одвоено од Владата и Министерството за култура, негувајќи независност од политиката, како основен предуслов за создавање современ европски филм.

Next Post

Д-р Беќаровски: Треба прес-конференција во Инфективна клиника за народот да сфати дека сме во војна со страшен непријател

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk