Министерот за здравство, Венко Филипче ја прими донацијата од 8 респиратори од Европската Унија, дел од донацијата од вкупно 20, со кои ќе се опремат и зајакнат капацитетите на здравствените установи. Министерот исто така најави и следен проект на ЕУ за опремување и зајакнување на поголем дел од одделенијата за интензивна нега во болниците. Тој се заблагодари на евроамбасадорот Самуел Жбогар за поддршката во справувањето со пандемијата од Ковид-19.
Денеска стигнаа и преостанатите 8 респираторни машини, добивме вкупно 20 од Европската Унија. Тие беа едни од првите коишто понудија помош.
Ова е доказ дека тие се нашиот најголем партнер и дека почетокот на пристапните преговори значи дека нѐ сметаат за дел од големото семејство, кое меѓу другото значи и помош тогаш кога е најмногу потребна.
Во следниот проект којшто го понуди за нас ЕУ, ќе ги опремиме и ќе ги зајакнеме сите одделенија за интензивна нега, двете болници во Скопје, клиничките болници и општите болници ширум државата.
Упатувам огромна благодарност до евроамбасадорот Самуел Жбогар и делегацијата на ЕУ во нашата земја што ни се огромна поддршка во овие моменти со справувањето со пандемијата од вирусот ковид-19, напиша министерот Филипче во пост на Фејсбук.