Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заедно со градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој Николчо Бабовски, извршија увид во изградба на пат од Прилеп преку населените места Волково, Прилепец се до манастирот Свети Никола во должина од 5,5 километри.
https://www.facebook.com/1758731440834284/posts/4145971382110266/
„Имаме силна динамика на реализација на проектите во делот на патиштата, гасификацијата, железницата и комуналната мрежа. Некаде од август или септември преку ЕБОР ќе започнат да се работат седум патни правци со вкупна должина од 148 километри или инвестиција од 25 милиони евра. Меѓу овие седум патишта е и рехабилитација на патот од Фариш до Прилеп, инвестиција од преку 5 милиони евра со што ќе имаме комплетно нов рехабилитиран пат од Градско до Прилеп. Претходно завршивме со рехабилитацијата на регионален пат Прилеп–Тополчани–Битола, патниот правец Прилеп – Прилепско езеро, се рехабилитираше патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште, завршуваме со рехабилитација на патниот правец од Раец до Фариш, а веќе следната недела ќе се објави тендерот за изградба на канализација со пречистителна станица за н.м Мало Коњари”, изјави министерoт за транспорт и врски Горан Сугарески.