По најавеното враќање на рестриктивните мерки и полицискиот час за викендот во некои општини низ земјава, денес повторно беше забележана зголемена потрошувачка по маркетите и недостиг на одредени производи.
Најбарани производи, како и секогаш, беа леб и млечни производи, месо и дезифициенси. Во неколку поголеми маркети, конкретно низ главниот град, беше забележан недостиг на продукти уште во попладневните часови.
Додека се празнеа маркетите и некои граѓани се снабдуваа со потребни намирници за престојниот целосен карантин во Скопје, на патарините беше забележана енормно зголемена фреквенција на сообраќај.
Жителите на главниот град направија редици од возила на патарините за излез од градот пред најавениот целосен викенд карантин. На социјалните мрежи брзо се раширија фотографии и реакции.
A. H. C.