Во последното деноноќие направени биле 1.245 тестови за коронавирус, а од нив 177 ce позитивни. Најголемиот број на нови заразени е од Скопје, 105, стои во текст на АлсатМ.
Излекувани се 8 пациенти, а 2 починале.
По 48 дена без нов регистриран случај, денес е евидентиран еден позитивен на Ковид-19 во Дебар.
Во Куманово има нови 26, во Штип 15, Тетово 13, Гостивар 8, a во Гевгелија има 2 нови случаи.
Со овие бројки, во земјава сега има 1009 активни случаи.