Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во своето видео обраќање се осврна на информациите кои се појавија во јавноста во врска со средбата што Мицкоски ја имал во затворениот дел од ресторанот.
„Во јавноста се појавуваат информации за средбата што Мицкоски ја имал во затворениот дел од ресторанот, а не добиваме сè уште одговор на прашањето со кого седел внатре? Дали на иста маса со него седел и Ален Зеќиров, добро познат како поранешен член на обезедувањето на Сашо Мијалков и личност на која и се судеше за прегазување човек? Дали на истата маса седеле повеќе луѓе меѓу кои и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање? Ако е тоа така, јасно е зошто персоналот не дозволувал со часови пристап на инспекторите.“, праша Љупчо Николовски во видео обраќањето.