На социјалните мрежи се појави кратка видео снимка од која се гледа како се движи Христијан Мицкоски пред да скршне во влезот од кафаната на улица Боемска, каде што се случи инцидентот со пазарните инспектори, а Мицкоски беше главниот актер кој се криеше во кафаната. Поранешната новинарка Јорданка Ивановска – Јоци, на Фејсбук го сподели видеото.
Неофицијално, лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не случајно бил во затворениот дел од угостителскиот објект на Боемска улица. Во текст на centar.mk се вели дека претседателот на опозициската ДПМНЕ бил во придружба на Ален Зекиров, поранешен телохранител на Сашо Мијалков кој беше прв човек на УБК, и уште две лица. Освен Зекиров, на средбата присуствувал и поранешниот директор на УБК и човек близок на ДПМНЕ, Љупчо Андоновски, велат од centar.mk.