– Лекарите се тука да се грижат за нас. Да бидеме искрени со нив и да даваме точни и целосни информации на епидемиолошките анкети. Одговорноста е наша, битката е заедничка. Од нас зависи, порача министерот Филипче во видео постирано на Фејсбук.
Министерот на вчерашниот прес извести дека со карантинските мерки многу е олеснет пристапот и спроведувањето на тестирање со оглед на рестрикцијата на движење. Земањето на брисеви се одвива полесно.