Еден од потпретседателите на СДСМ, Дамјан Манчевски на својот Фејсцбук профил напиша дека сите активисти на СДСМ се придржуваат до мерките и протоколите за заштита од Covid-19 и дека полицијата под раководство на Наќе Чулев директно е причината за зголемувањето на бројот на заразени.
Во однос на пишувањата на Невенка Стаменковска Стојковски:
1. СИТЕ активисти на СДСМ се придржуваат до мерките и протоколите за заштита од Covid-19. За разлика од нас, Христијан Мицкоски масовно ги прекршува и прави кривични дела. Впрочем тоа и самиот го призна.
2. Полицијата под раководство на Наќе Чулев директно е причината за зголемувањето на бројот на заразени. Не казнуваше и не ги спроведуваше законите и мерките за заштита на здравјето на граѓаните. Сеуште нема оставка.
3. ВМРО ДПМНЕ јавно побара релаксирање на рестриктивните мерки пред само десетина дена. Се поставува прашањето за што всушност се залага ВМРО ДПМНЕ? Но, во ситуација кога после три години во опозиција сеуште немаат програма, веројатно ни самите не знаат.
4. Сите мора да научиме да живееме во новото нормално. Тоа го покажа и гласањето на Правниот факултет во Скопје, каде врвни функционери и поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ излегоа на гласање за сенатори. Со тоа покажаа како придржувајќи се до протоколите може да се одвиваат животните процеси, вклучително и избори.
5. Најважно! Ако се почитуваат законите, мерките и протоколите се се може. Знам дека тоа е непоимливо за Невенка Стаменковска Стојковски и раководството на ВМРО ДПМНЕ.