ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Кривични пријави за 22 угостители во туристичките места

June 7, 2020 11:48
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Инспекторите на Пазарниот инспекторат викендов поднеле 22 кривични пријави за непочитување на владините мерки од страна на категоризираните сместувачки и угостителски објекти.

Осум кривични пријави се поднeсени во Охрид, четири во Струга, пет во Битола, три во Дојран и по една кривична пријава на Пониква и во Маврово.

– Станува збор за кривични пријави поднесени поради прекршувања на забраната за сместување лица во категоризирани објекти, а само една пријава е за пречекорување на работно време и две кривични за прекршување на Протоколот 8 (повеќе гости на терасите, непочитување растојание или гостите се во внатрешниот дел од објектите), изјави денеска во Охрид, Мери Проја Продановска од Државниот пазарен инспекторат.

Кога станува збор за недозволено сместување гости во Охрид, викендов инспекторите затекнале само четири такви случаи. Се контролираат исклучиво категоризираните објекти односно пријавните станоиздавачи, оние субјекти кои остваруваат приходи од сместување туристи.

– Собите и сместувачките објекти ги контролираме во пријавени објекти што имаат решенија за работа. Контролите најчесто го вршиме во попладневните часови после 16 часот, кога на сила е полицискиот час односно кога сите треба да се таму каде што ќе ноќеваат, појасни Продановска.

Таа нагласи дека споредено со првите денови на олабавувањето на мерките, економските оператори генерално ги почитуваат мерките, забраните и препораките за работа, односно се придржуваат на определените протоколи за работа.

– Најбитно е да бидеме свесни за ситуацијата, да држиме дистанца, да носиме маски и на тој начин со заеднички сили да го победиме невидливиот непријател, порача Продановска.

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат остануваат на терен каде постојно ќе спроведуваат контроли на угостителските и сместувачките објекти на територијата на целата држава.

Продолжениот викенд донесе зголемен број  гости  во Охрид. Зголемена е раздвиженоста на луѓе по чаршијата, долж Кејот на Охридското Езеро и низ градот, но без позначајна посетеност на угостителските објекти, кафулињата и рестораните. Двомесечната изолација наметната поради епидемијата на коронавирусот како да ги одвикна луѓето да одат по кафеани и ресторани. Дури и со намален ограничен капацитет на столици, кафулињата во градот не беа полни. Рестораните уште попразни, иако градот бележи зголемен прилив на гости од другите градови.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Без вода населбата Бардовци

June 17, 2025
acpsk12.org

Влада: Обезбедени 50 милиони денари за нови средношколци во дуално образование

June 17, 2025

ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две години без Крешник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk