На првото заседание на АСНОМ (2 август 1944 година) се донесува решение за воведување на македонскиот јазик како службен на Федерална Македонија. Наредната 1945-та, по утврдувањето на азбуката на 5 мај, на 7 јуни е усвоен македонскиот правопис. Со тоа целосно се комплетира кодификацијата на македонскиот јазик.
Правописот на македонскиот јазик е достапен бесплатно во електронска верзија и може да се користи и симнува од www.pravopis.mk.
Од 2019, 5 мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик, во чест на Решението за усвојување на македонската азбука како официјално писмо.
A. H. C.