„Убавите работи се за споделување, па дозволете ми да го изразам големото задоволство што конечно ќе добиеме сериозно македонско производство на пилешко месо за кое со години се одлеваа милионски суми за увоз“, објави на Фејсбук, Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ, споделувајќи го интервјуто со Арбен Абдурахмани, стопаственик, дел од Конзорциумот „Интернационал Фреш Фуд“ за Агроном.
„Долго време како прашање добивам “Зошто мораме да купуваме аргентинско, бразилско и какво не пилешко месо, зар нема македонска земја каде може да се одгледуваат пилињата?”
Конечно, се најде решение!
Благодарам на конзорциумот „Интернационал Фреш Фуд“, составен од домашни и странски инвеститори, што изразија желба за една ваква инвестиција. Мене лично, ми беше чест што можев да учествувам во еден вака важен проект за нашето стопанство во регионот и што помогнав да ги охрабриме инвеститорите да вложат на ваков начин во овој преубав регион.
Целиот комплекс во село Гиновци и Псача ќе биде согласно највисоките ЕУ стандарди во однос на заштитата на животната средина, здравствената заштита и благосостојбата на животните како и заштитата и безбедноста при работа.
Можеме уште повеќе и уште подобро. Одиме напред заедно!“, вели Николовски.
https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/posts/2726780094210179