ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Соживотот со идиотите го плаќаме со живот

June 7, 2020 12:57
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Македонскиот национализам е како ногавица фатена во чорапа.

Жена која заборавила да ги симне виклерите пред да отиде на бал во Виена.

Пинчер кој глуми лав во кавгите со околните џукели.

И со целиот свет.

Маж кој влегол во сауна со чорапи и качкет.

Македонскиот национализам е презерватив без кур, кур без ерекција, ерекција без пенетрација, пенетрација без ејакулација, ејакулација без семе.

Ракета без полнење.

Освен за саморазнесување.

Порниќи и онаниќи!

Македонскиот националист е како Роуан Аткинсон во Мистер Бин. Предизвикува крах на менталниот и културниот скелет на кој е конституирана нормалноста и моралноста, разумноста, добрината, убавината…

Не предизвикува смеа, туку срам.

Со повисокото ниво на идиотизам во разбирањето на стварноста.

Како кај Катица.

Македонскиот национализам и македонскиот националист се експонати кои на историската сцена се движат како Катица Ќулафкова на маскенбалот во Вевчани.

Немаскирана.

А маскенбалска.

Смешна, глупава, пинчерска, злобна.

А надобудна.

Мисирка во мисиoнерска поза.

Колибриските трепнувања ја чуваат да не се скрши пред неправдите што светот ѝ ги прави на Македонија.

Очите ѝ се филтер, инаку, веќе би била мртва.

ХД нарикача над празниот гроб на Македонија.

Кога подобро ќе се погледне или денес-утре ќе ѝ се направи обдукција, ќе се види дека некоја вештерка, на времето, ја има изедено од внатре за да се маскира во неа.

Во Катица Ќулафкова.

Немам зборови да го опишам нивото на вештерноста или на ќулафкоста што успеа да го оствари оваа поетеса која со своите пубертетски стихоклепија оправдано влезе во пантеонот на македонската уметничка промашеност.

Првокласна поетеса од втор ред, што би рекол Гомбрович.

И целиот тој процес.

Кој ги води у курац луѓето што тргнале по женска.

Неверојатно.

Но, не толку, ако прифатиме да се соочиме со некои историски, културни, политички, ментални и други вистини и напластувања во нас и за нас.

Ништо не е случајно.

Можеме да се договориме да ја оставиме Катица.

Еден пријател ми вика: Ма, не ја еби, бе, Тричко!

Но, гледајте, Ќулафкова е само една „светица“ во иконостасот на македонската примитивност, патетичност, плачипичество, нарикачество, празнотија, лага, лажни величини, лажни академици и академички, професори и професорки. Таа е дел од секстетот кој од борбата за таканаречените македонски национални интереси направи идејна основа на злото. И на нашиот срам. И од нив и од Македонија и од македонските национални интереси. Катица, Каракамишева, Ванковска, Грчева, Силјановска, бабата која се влече по Мицковски како штипалка која ја држи неговата ногавица стисната за потколеницата и гледа човекот да не некаде се отепа со точакот на кретенската политика, плус таканаречената јазикословка, забравам ѝ името, Маџоска, ми се чини дека беше. Има и други, се разбира, но ова е првата табла на муќокот. Политичка артикулација на тој идеен проект, на македонскиот кретенизам или дури на македонството како кретенизам, е вмро-дпмне, со Мицко и малите кенчиња на таа кретенска школа и лоза, да не ги набројуваме сега.

Офците на Иснифариовски ќе ја обновувале Македонија.

Еј!

Апсолутна неукост, нереализираност, нереферентност, се помочала во кревет и се разбудила со амбиции да биде сѐ.

Чекај малку, бе, па дај малку скромност, што би рекол Горан Стефановски, дај да видиме што си сработил во животот, имаш ли ти друго нешто во сивито освен митинзи и пресови, што би рекол Златко Ориѓански.

Цената на соживотот ја плаќаме со животот, напишала академичката.

Но, нели тие умреа кога го сменивме името, па и пред тоа, кога падна Груевски, па кога паднаа на 27 април, нели Заев и меѓународната заедница им земаа сѐ, уставот, достоинството, идентитетот, животот, нели рекоа никогаш северна, како тоа сега по втор, море по стоти пат, со истиот живот плаќаат нови сметки, демек таа за соживотот.

Цената на соживотот со идиотите ја плаќаме со живот.

Тоа е вистинската парафраза на Катица.

Соживотот со неа.

Со вмро-дпмне.

Со сите дибеци, лигњи, фликови и фрикови, кикифрикови.

Тој соживот го плаќаме со живот.

Ова со пандемијата не е излив на корони туку излив на тоа саморазбирање, на таа филозофија ако може така да се каже, дека Господ, Нацијата-чиста и Водачот се сѐ, сѐ друго е ништо. Дека на тие три инстанци сме појаки и од вирусот и од сѐ. Дека ако се завиткаш во знамето од Кутлеш никој не ти може ништо, ниту нато, ниту ковидот, ниту туберкулозата.

Можеби, но тој што така мисли, веќе има чума.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата. Текстот е личен став на Aвторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонскиот оркестар „Фејмс“ дел од спектаклот за најавата на „Дизниленд Абу Даби“

May 14, 2025

Жерар Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

May 14, 2025
Handy Wicaksono / Unsplash

Белгија: Поштарот во борбата против осаменост и депресија кај старите лица

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk