Утре Општина Прилеп започнува со распределба на донацијата од 100 таблет компјутери, на ученици од основните општински училишта.
Согласно препораките на Владата и Комисијата за заразни болести за заштита од коронавирусот, таблет компјутерите кои се донација на тетовското семејство Дестани, ќе бидат делени во помали групи, во следните неколку денови.
Утре во 10.00 часот во Големата сала на Општина Прилеп, таблет компјутерите на првата група ученици ќе им ги подели градоначалникот Илија Јованоски.