ВЛАДА: Листите на корисници кои ќе добијат домашна платежна картичка „Купувам домашно“ и ваучери за домашен туризам ќе бидат објавени во текот на неделава. Наводните бројки и квоти кои се пласираат преку одредени портали и преку социјалните мрежи не се точни, ниту пак можат да се пресметуваат на начинот на којшто се презентирани.
КЗБ денеска ќе одржи состанок на кој ќе се одлучува дали повторно во земјава ќе биде воведен полициски час или ќе се пристапува поригорозно кон веќе донесените мерки, како носење заштитина маска, држење растојание од два метри и негрупирање, со цел спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Скопје, Петре Шилегов, во пост на Фејсбук сподели фотографии од реконструираниот кружен тек кај Поликлиниката Чаир.
КОСТАДИНОВ бара одговорност, Арсовски вели дека е следен од параполициски структури на СДСМ.
АФРОАМЕРИКАНЕЦОТ Џорџ Флојд ќе биде погребан денеска во Хјустон, чие убиство во полициска акција во Минеаполис предизвика протести низ САД, но и во целиот свет.
ВРЕМЕТО ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови, ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи.
А. Н. С.




