ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Костадинов бара одговорност, Арсовски вели дека е следен од параполициски структури на СДСМ

June 8, 2020 09:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вчеравечер нешто пред полноќ, низ социјалните мрежи почна да се шири информацијата дека портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Арсовски бил застанат од полициски службеници на излез од Струмица во време на полициски час. Според првичните неофицијални тврдења, Арсовски се однесувал арогантно кон службениците и се заканувал.

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов реагираше на Твитер повикувајќи се на првичните информации и го осуди однесувањето на Арсовски.

После Мицкоски, очекувам утре и Димче од дпмне да соопшти дека човечки е да се греши и дека ќе ја плати казната, што за време на полициски час харал низ Струмица.

Расипништвото не може да се плати со пари, мора да има одговорност!

— Костадин Костадинов (@kostadinkosta1) June 7, 2020

Утрово, Арсовски, во долг пост на Фејсбук најпрво го нападна тврдењето на Костадинов, објаснувајќи дека иако бил легитимиран на излез на Струмица, бил повторно застанат со својата девојка кај Штип, каде вели дека еден од полицајците бил дрзок со нив, па побрза да донесе заклучок дека „сигурно е од СДСМ“ и се јавувал на неговите партиски шефови.

Арсовски исто така, ја повтори новата хит реторика на опозициската партија дека „се следени“ од параполициски структури, исто како што обвинува  и неговиот претседател Мицкоски откако неколку пати беше фатен како ги прекршува мерките за заштита, од одење во теретани во период кога таквите објекти се затворени, до мезе дружби со блиски луѓе на Сашо Мијалков во затворен дел од ресторан.

Арсовски обвинува полициски службеници за пристрасност, одејќи дотаму да тврди јавно дека полициски службеник се јавувал кај своите партиски шефови за случката.

 

Статусот на Димитар Арсовски на Фејсбук:

„Признавам, бујна фантазија имаат изгубениве од СДСМ… Да разјасниме веднаш, се е измислица и лажна вест… Имено, да, точно е, уредно бевме легитимирани со мојата девојка од полициски службеници на излез од Струмица и уредно доставивме документација која овозможува движење во полициски час заради професионални потреби. Полициските службеници беа фини морам да признаам, најљубезно и уредно откако заврши процедурата се отпоздравивме како културни граѓани и продолживме накај Скопје. Следната полициска патрола која не пречека беше кај Штип, при што имаше едно дрско момче во полициска облека, гарантирам член на СДСМ, кое почна без никаква причина да ми го претресува возилото. Јас бев културен, дури и ми побара да отворам куферче мало со облека да видел што има. Додека ѕвонеше кај неговите партиски шефови, дојде негов колега, кој го пратиле да ме праша кој сум, па грешно му јавиле, дојде ме праша дали сум портпарол на МВР. Го прашав дали од Струмица му јавиле да му кажат да ме пречекаат, ми одговори потврдно, дека им е јавено од Струмица, при што му се насмеав и му кажав дека грешно разбрал, не сум портпарол на МВР, туку на ВМРО-ДПМНЕ. Видоа – не видоа и оваа патрола немаше причина да ме задржи бидејќи уредно ги поседував сите легитимации и ме пуштија да си одам. Се на се, не се криви патролите, иако и во нив има партиски послушници и членови на СДСМ кои мора да одработат за партијата“.

Тој побара од Костадинов јавно извинување, во спротивно ќе се видат на суд.

Костадинов се повика на информација од порталот Мактел.мк кој тврди дека очевидци потврдиле дека Арсовски се повикувал на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, немал дозвола за движење и се однесувал кон полициските службеници дрско и арогантно.

А. Н. С.

Next Post

Преглед на вести во 09 часот: Денес ќе се знае дали ќе има нови рестрикции, нов кружен тек во Чаир и останати наслови

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk