Колку долго ќе трае битката против коронавирусот зависи од секој од нас. Зависи од нашата одлука дали ќе ги почитуваме мерките за лична заштита или ќе дозволиме да се изложиме себеси на ризик, а со тоа и нашите најблиски и целата наша околина, стои во видео објавата на Фејсбук на лидерот на СДСМ, Зоран Заев апелира да се почитуваат трите мерки за заштита и секој да се придржува до насоките.
Затоа, апелирам до сите: носете маска или друга заштитна опрема со која ќе ги штитите носот и устата, често мијте раце и не ги допирајте очите, лицето и носот, држете дистанца од луѓето околу вас и не се групирајте, вршете дезинфекција во домот, а особено на вашите работни места, стои во постот на Фејсбук на Заев.
Мораме сите да ги почитуваме овие мерки, но и да им укажеме на нашите роднини, пријатели, колеги дека и тие треба да го прават истото.
Само на овој начин ќе го заштитиме сопственото, но и здравјето на нашите најблиски.
Во периодот којшто ни следува вака ќе пазариме, вака ќе одиме на работа, ќе посетуваме кафулиња, вака ќе функционираме. Ако овие мерки строго се почитуваат тие даваат резултат.
Повикувам на придонес и дисциплина во борбата со невидливиот непријател. Придонес и дисциплина од секој од нас и од секоја институција.
Ова е моментот кога треба да дадеме максимум за да се воспостави контрола врз вирусот. Сме покажале дека во вакви моменти знаеме да бидеме единствени. Знам дека можеме и овој пат и дека ќе успееме!, вели Заев во видео обраќање.