Двајца вработени во Лекарска комора се позитивни на Ковид 19 објави НоваТВ.
Вработените се заразиле на свадба во Долно Нерези што ја правеле во мај, кога на сила беа забраните од Владата за собири.
Освен брачниот пар, позитивни се и четворица членови на потесното семејство. Направени се тестови на другите вработени во Лекарска комора и тие се негативни.