ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Хибридна сесија“ е најсоодветно решение, смета претседателот на студентите на УКИМ

Претседателот на Универзитетското студентско собрание на  Скопскиот универзитет (УСС-УКИМ) Борјан Ефтимов за МИА изјави дека Универзитетот одлучил да не се определува за едно решение за сите факултети, туку да ги остави факултетите, односно професорите, да одлучат кој е најсоодветен метод за проверка на знаењето.

June 9, 2020 12:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Испитнатата сесија која во редовни околности ќе беше почната од 1 јуни, на факултертите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ почна одложено и за термините тие самостојно одлучија.

Онлајн-полагање во јунската сесија е веќе почнато, некаде и полагањето со физичко присуство на студентите кое, најголем дел од факултетите, ќе го организираат од 15 јуни. Флексибилността им овозможува на факултетите во консултации со своите студенти да го одредат почетокот на сесијата согласно со нивните потреби и можности.

Претседателот на Универзитетското студентско собрание на  Скопскиот универзитет (УСС-УКИМ) Борјан Ефтимов за МИА изјави дека Универзитетот одлучил да не се определува за едно решение за сите факултети, туку да ги остави факултетите, односно професорите, да одлучат кој е најсоодветен метод за проверка на знаењето.

-Оттука, факултетите и професорите, кои најдобро ја знаат природата на материјата што ја предаваат, одлучуваат дали испитот ќе се одвива онлајн или со физичко присуство. За начинот и времето на реализацијата со сесијата, се разбира, факултетите се консултираат со факултетските студентски собранија. На ист факултет може да има различни начини за различни предмети. Различните предмети подразибраат и различни методи на проверка на знаењето, така што возможно е студентите во испитната сесија некои предмети да ги полагаат онлајн, а некои со физичко присуство, изјави Ефтимов, кој не располага, како што рече, со точен број или статистика колку испити ќе се полагаат на едниот или на другиот начин.

 Одлуката за начинот на проверка на знаењето, вели, е на професорот иако студентите при одредување на начинот имаат право да го кажат своето мислење и да влијаат на таа одлуката. Крајниот збор го има професорот,  но исклучително е важно, вели претседателот на студентската организација на УКИМ, студентите да бидат консултирани – и за начинот на проверка на знаењето, и за организирањето на сесијата и термините за полагање на испитите.

За тоа колку време однапред студентите треба да знаат како ќе го полагаат испитот, Ефтимов одговори дека е прашање што зависи од одговорноста и ефикасноста на деканатите на факултетите.

-Некој разумен рок за вакви вонредни околности би бил целосен распоред барем 10 дена пред почетокот на сесијата. Целосниот распоред, разбирливо, може да подложи на измени поради променетите околности со вирусот, меѓутоа студентите мора да имаат генерална слика за распоредот и начинот на полагање барем 10 дена пред почетокот на сесијата. Сè помалку од тоа би било неодговорно од страна на Деканатот, вели Ефтимов за МИА.

Дали онлајн-проверката на знаењето е поподложна на манипулации во однос на полагањето со физичко присуство, тој смета дека различните методи на испрашување се подложни и на различни типови на манипулацијата. Усните испити се релативно зашитени од манипулација, меѓутоа кај писмените испити, додава тој, „ дефинитивно се појавува поголема опасност“.  Но поради околностите во кои се наоѓаме, смета дека и онлајн-испитите се прифатлива отстапка кога се работи за здравјето на студентите и професорите и очекува дека професорите  ќе искористат механизми за да ги намалат шансите за манипулации.

Претседателот на Универзитетското студентско собрание, кој е четврта година на Правниот факултет, лично смета дека секој метод на проверка на знаењето има свои добри и лоши страни и дека „хибридна сесија“ е најсоодветно решение.

-Постојат многу различни предмети и методи, па затоа сметам дека најсоодветно решение е хибридна сесија која ќе се обиде да го извади најдоброто од двата света. Таму каде што има реални можности за објективна проверка на заењето преку онлајн-испити, сметам дека треба да се применат, меѓутоа таму каде што професорот ќе процени дека во моментов нема соодветно онлајн-решение, треба да се полага со физичко присуство, притоа почитувајќи ги протоколите, рече Ефтимов.

За испитите што имаат практичен дел, пак, смета дека проблемот е сериозен  не само за испитот, туку и за самата практична настава. Намерата со продолжување на сесијата им била, вели, да овозможат реализација и на практичната настава на почетокот на јуни.

-Меѓутоа, тоа падна во вода поради недисциплината и непочитувањето на мерките. Сега сме поставени во таква ситуација во која секој факултет мора да се снаоѓа во дадените околности. За полагањето на практичниот дел, сите студенти ќе добијат информации од своите факултети и факултетските студентски собранија,  додаде Ефтимов.

На студентите кои од објективни или субјективни причини нема да можат да полагаат оваа испитна сесија, тој им порача дека нема да бидат оштетени зашто Универзитетското студентско собрание ќе бара, а очекува и дека ќе издејствува, продолжување на роковите и организирање дополнителни испитни сесии по септемвриската испитна сесија.

-Студентите не треба да чувствуваат притисок да полагаат во оваа испитна сесија. Во овие моменти најважно е физичкото и психичкото здравје на студентите. Сесии ќе има доволно, роковите ќе бидат максимално флексибилни, додаде Ефтимов.

За тие што ги полагаат испитите со физичко присуство, Владата по препорака на Комисијата за заразни болести усвои протокол за постапување на јавните и приватните високообразовни установи односно факултетите во нивни состав при изведување на испитите.

Покрај дезинфекција и носење заштитни маски, протоколот наложува физичко растојание од најмалку два метра на студентите кои полагаат писмено во една просторија, како и паузи од 20 минути помеѓу термините на испитите што се полагаат усно заради дезинфицирање на просторијата.

Инаку, на предлог на Министерство за образование и наука, Владата на седница во петокот донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба со цел да се овозможи редовна организација на високообразовните установи за уписите на сите степени во академската 2020/2021 година.

На таа седница Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата на МОН и донесе одлука за бројот на студенти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи. Се очекуваат конкурсите на универзитетите за запишување студенти, а конкурсните рокови се во август-септември./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Костадинов: Низа злоупотреби и прекршоци докажуваат дека ДПМНЕ и Мицкоски се заглавени во режимска матрица

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тејлор Свифт за љубовта, новиот албум и животот надвор од сцената

October 7, 2025

Димитриеска-Кочоска: Македонија дел од СЕПА, плаќањата кон ЕУ поевтини и за граѓаните и бизнисот

October 7, 2025

На 10 октомври истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чарли Ханам како сериски убиец во „Монструм“: Ослабев 14 килограми за улогата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто жените живеат подолго од мажите – ново истражување ја потврдува хромозомската предност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk