ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Нинџа за „27 април“: Спиро мобилизирал вработени во градинки и администрација, на Нинџа му се заканиле со иста судбина како Крпач „ако се предаде“

Нека знае јавноста дека Марко Зврлевски, Гордана Гешкоска, Златко Бишовски беа подобни на службата. Билјана Бришкоска од 8 кат разговараше со Трајко Велјановски, рече Василевски.

June 9, 2020 13:30
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Имаше приговор за изборите во декември за Теарце и пред зградата на ДИК имаше насоки од комитетите на ВМРО-ДПМНЕ до сите членови од градинки, претпријатија, државна администрација.

Преку Спиро Ристевски, кружеше информација ако ДИК не одлучи во нивна полза, треба да се влезе во ДИК насилно. 27 април ќе се случеше во тој период ако ДИК одлучеше во полза на опозицијата, изјави сведокот Александар Василевски – Нинџа, на денешното рочиште за организаторите на 27 април.

Василевски, кој е еден од 16-мината обвинети на вкупно 211 години затвор за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, на денешното судење како сведок, рече дека Судскиот совет треба да биде запознаен дека во тек на овие две и пол години е под постојани закани од страна на безбедносните структури заради неговиот исказ во овој предмет.

– Во 2015 година во екот на политичката криза бев ангажиран од страна на тогашниот директор на БЈБ Горан Груески. Тој ми даде надимак „Самурај“. За него собирав информации од  безбедносен карактер, изјави Василевски.

Во 2016 година, посочи Василевски, кој тој беше сменет добив насоки да му бидам очи и уши на Никола Бошковски.

– Во септември 2016 како директор на УБК беше именуван Владимир Атанасовски. Контакт ми даде Горан Грујоски од него. Пред да стане диркетор Атанасовски се сретнав со него, заедно беше и Никола Бошковски и Лубо Петрович, од Третата управа, изјави Василевски.

Трибините на граѓанското движење „За заедничка  Македонија“, сведочеше Василевски, беа дека некој сака да ни ја загрози државата.

– Тие беа гласник на партија ВМРО-ДПМНЕ. Добивав насоки од Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски и Кирил Божиновски, изјави Василевски.

Од 65 дена цели 55 дена бев на протестите. На протестите беше и Јовче Ременски, а од страна на Владимир Атанасовски ми беше задача да го следам него, да видам дали снима и што прави. Исто така беа следени и Зоран Заев, Оливер Спасовски, изјави сведокот Александар Василевски на денешното рочиште за организаторите на 27 април.

Василевски, на денешното судење како сведок, рече дека бил следен и политичкиот аналитичар Алберт  Муслиу, на кој од страна на специјален тим од УБК во неговиот дом му биле ставени камери.

– На 27 април околу 17:30 Спиро Ристовски ми се јави и ме праша како е состојбата. Се вратив во Дион и околу 18:03 со Веле Петрушевски, се упативме во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Петрушевски остана во бифе. Јас се качив на 8 кат. Таму имаше една сала за состаноци, каде  ги видов Митко Чавков, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски, Билјана Бришкоска. Чавков ме  гледаше како да ме праша што барам тука, а јас го чекав Сашо Мијалков, но тој не беше таму. Од таму беа дадени сите наредби за 27 април, изјави Василевски.

Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, сведочеше Василевски, некаде околу 18:30 влезе Владимир Атанасовски.

– Од штабот тргнав некаде 19.05. Владимир Атанасовски облечен во тренерки ми даде насоки  да известам. Пешки со Веле Петрушевски пред триумфална капија ги видов многу припадници од прикриен тим. Горан Грујоски имаше прикриен тим од 25 до 30 лица, ми се закануваа да не се предадам дека ќе завршам како Коста Крпач, изјави Нинџа.

Спиро Ристовски, рече Василевски, заедно со Кирил Божиновски на 27 април ги мобилизира  сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ и треба да се упатат кон Скопје.

– Мартин Лазаров, син на  Душко Лазаров од УБК, околу 23:00 ме зема и ме прати во една од  базите на УБК. Таму  беа Сашо Марковски и Никола Бошковски. Имаа хард дискови. Владимир  Атанасовски даде наредба да се уништат. Сашо Марковски со преса ги уништи хард дисковите, рече Василевски.

По наредба на директорот на УБК Владимир Атанасовски, Василевски рече дека остварил контакт со Јане Ченто.

– Тие лично беа поддржувани од Владимир Атанасовски. Потоа остварив средба со Игор Југ, во Куманово, таму беше и Јане Ченто. Со мене беше и еден прикриен агент. Патриотските здруженија беа искористени од Владимир Атанасовски, сега тие лежат затвор, изјави Василевски.

На 3-4 мај, рече Василевски-Нинџа, дека во штабот на ВМРО-ДПМНЕ го сретнал јавниот обвинител Марко Зврлевски.

– Нека знае јавноста дека Марко Зврлевски, Гордана Гешкоска, Златко Бишовски беа подобни на службата. Билјана Бришкоска од 8 кат разговараше со Трајко Велјановски, рече Василевски.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

Плановите на ЕУ да се исчисти од руските фосилни горива

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk