ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

June 10, 2020 18:39
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со коронавирусот досега се заразени 7.369.460 лица. Од нив починале 414.864, а оздравеле 3.637.780 луѓе.

– Расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во Албанија. Во последното деноноќие од тестирани 311 сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 42 лица, што е за шест повеќе од вчера, кога беше регистрирана најголема бројка од појавата на пандемијата. Во споредба со податоците од понеделникот, бројот е поголем за дури 25 новозаразени. Од новозаразените петмина се здравствени работници. Досега во земјата направени се 19.271 тестирање, позитивни на Ковид-19 се 1.341, оздравени од нив се 980, додека починати 34. Активни на болеста се 327, од нив болнички се лекуваат 46, што е за 12 повеќе во споредба со понеделникот, на интензивна терапија се осум, а на респираторна машина поставен е еден пациент. Според Министертвото за здравство и социјална заштита, зголемиот број новозаразени во последните денови е последица на групните собирања, присуство на погреби, како и неносење заштитна маска и неодржување физичка дистанца.

– Во Пакистан за еден ден се регистрирани повеќе од 100 смртни случаи, најмногу откако е прогласена епидемијата на коронавирусот кон средината на март. Во изминатите 24 часа, во Пакистан се пријавени 4.646 нови случаи и 105 смртни случаи. Заразени се вкупно 108.316 лица, а 2.172 починале. Според премиерот Имран Кан, Пакистан се уште не го достигнал пикот на епидемијата и тоа не се очекува до август.

– Во изминатите 24 часа во Бразил се пријавени 32.091 заразени со коронавирусот и 1.272 смртни случаи. Во таа јужноамериканска земја се регистрирани вкупно 739.503 пациенти, па Бразил е на второто место во светот по бројот на заразени, веднаш по САД. Според вкупниот број смртни случаи – 38.406, Бразил е на третото место во светот.

– Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија во последните 24 часа се зголеми за 318 и достигна 184.861, соопшти Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“. Починаа 18 пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во државата достигна 8.729.

– Новиот коронавирус предизвика 819 смртни случаи во САД во минатиот ден, според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во државата достигна 111.750, и потврдени случаи на заразени – речиси два милиона. Оздравеле околу 518 илјади луѓе.

– Во Индија се пријавени речиси 10.000 новозаразени. Во таа држава, сега се заразени 276.583 лица, и е на петто место во светот по бројот на инфекции. Министерството за здравство пријави 9.985 нови случаи и 274 смртни случаи во изминатите 24 часа.  Вкупниот број на смртни случаи достигна 7.745. Махараштра, Тамил Наду и Њу Делхи се најтешко погодени држави.

– Мексиканското Министерство за здравство објави дека се потврдени уште 4.199 случаи на коронавирус и уште 596 смртни случаи во таа земја.  Така, вкупниот број заразени во таа земја достигна 124.301, а вкупно 14.649 лица починаа како резултат на Ковид-19.

– Според Африканскиот центар за контрола и спречување на заразни болести на тој континент, бројот на заразени со вирусот надминува 200.000. Досега од Ковид-19 во Африка починале 5.516 луѓе, а вкупно се заразени 202.782. Африка се уште претставува мал процент од вкупниот број на позитивни (околу пет проценти), но таму се загрижени затоа што бројот на заразени лица продолжува да се зголемува. Јужна Африка е прва со 52.991 заразени лица. Египет има 36.829 случаи и Нигерија 13.464.

– Од направени 1.369 анализи, во изминатите 24 часа, на Кипар денеска се регистрирани два нови случаја на Ковид-19, а вкупниот број на заразени лица се зголеми на 974/МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

САД побара од БиХ да не користи кинеска 5Г технологија

НАЈНОВО

Скриншот

Зграда се урна во Мадрид за време на реновирање, пожарникарите бараат преживеани

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Трошоците на животот намалени во септември, инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,0 отсто

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk