Министерот за здравство, Венко Филипче, во чест на неделата посветена на сите оние кои ја добиле битката со карцином, објави видео од еден од пациентите на Клиниката за детски болести кој ја победил болеста и со симболично удирање на ѕвоното ја напуштил установата.
Деновиве, нашиот јунак Онур го испративме дома од хемато-онколошкото одделение од Клиниката за детски болести. Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш! Го славиме животот со сите деца кои го победиле ракот, тоа се нашите јунаци, непобедливи. Оваа недела е посветена на сите кои победиле карциномот, напиша Филипче.
A. Н. С.