ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ивент индустрија ИВАП: Владата да го слушне нашиот глас, да почнеме со работа

June 10, 2020 16:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СЦЕНА

Асоцијацијата Ивент индустрија ИВАП денеска преку соопштение испрати апел до Владата да се слушне нивниот глас и веднаш да се отпочнат разговори за релаксација на овој сектор со оглед на тоа што, како што наведува, компанијата веќе 100 дена има забрана и неможност за работа, пренесува МИА.

-Речиси 100 дена забранети се јавните собирања, настаните, концертите, семинарите и конгресите. 100 дена забрана и неможност за работа на компаниите од оваа индустрија. И додека во околните земји мерките целосно се релаксираат а настаните се одвиваат без ограничувања, кај нас буквално никој и не размислува за оваа стопанска гранка, соопшти Асоцијацијата.

Од Асоцијацијата ИВАП велат дека оствариле средба со министерката за финансии на која ги разгледале можностите за рестартирање и помош за секторот, но како што посочуваат, уште немаат конкретни резултати од средбата.

Уште на почетокот на кризата предупредивме дека сме првите кои не затворија, на крајот на февруари и дека ќе бидеме последни што ќе не пуштат. Сега гледаме дека за жал сме биле во право. Иако станува збор за сектор забава, нашите компании се сериозни и зад нас стојат најголемите и најзначајни оранизирани настан и во Македонија. Нам и најдолго време ќе ни треба за да отпочнеме со работа, бидејќи подготовката на еден настан не се случува преку коќ, соопшти ИВАП Асоцијацијата.

Додаваат дека доколку не им  биде понудена соодветна поддршка и не бидат прифатени нивните барања ќе бидат приморани да ги отпуштат вработените и да ги затворат компаниите.

-Освен редовно вработените, засегнати се и голем број на други сектори, индустриии физички лица од различни профили – актери, музичари, водители, фотографи, сликари, дизајнери,костимог рафи, сценографи, светло мајстори, како и кастинг агенции, печатници, кетеринг служби, агенции за обезбедување, програмери,техничари, енергетичари,превозници, бравари, столари, посочува компанијата.

Асоцијацијата на Ивент Индустријата ИВАП ја сочинуваат фирми кои се занимаваат со организација на настани од секаков вид, компании за изнајмување на техника, видео и аудио продукции и техничка поддршка на настаните.

 

 

Next Post

Западниот Балкан би требало да биде изземен од забраната за патување во ЕУ

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk