ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Завршува учебната 2019/2020 од која една третина беше онлајн

Поради ризик од ширење на заразата, Владата на крајот на април донесе одлука онлајн-наставата да продолжи до крајот на учебната година, како и одлука оваа година да нема  полагање државна матура која се организира во средината на јуни.

June 10, 2020 07:46
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

За 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и околу 19 илјади првачиња, денеска завршува учебната 2019/2020 година, првпат во вонредни околности и надвор од училишните клупи кои останаа празни од 11 март поради опасност од ширење на заразата со коронавирусот.

Првото полугодие го одбележаа „есенските“ преговори на синдикатот СОНК со Министерството за образование и наука за повисоки плати и предупредувачките најави за штрајк, што резултираше со договор  постигнат во ноември, а наставниците од јануари годинава ги добија бараните дополнителни 10 отсто.

Но второто полугодие и учениците, и наставниците, ги соочи со нова и досега непозната ситуација што ја наметна пандемијата со КОВИД-19. Наставата три месеци се изведуваше од далечина и онлајн, а со владините уредби со законска сила  се овозможи и правна основа е-наставата до крајот на учебната година да се смета за формална т.е. соодветна замена на класичната настава во училиштата.

Во изминатите три месеци учениците и наставниците се приспособуваа на онлајн-учење, предвање и испрашување, при што се користеа различни алатки и платформи за видеокомуникација.

За да се олесни начинот на совладување на материјалот, МОН во партнерство со УНИЦЕФ ја воспостави и националната образовна платформа Eduino.gov.mk со видеолекции за основно и за средно образобание кои за учениците ги снимија одделенски и предметни наставници од училишта од целата држава. Секој ден на јавниот сервис се емитуваше и емисијата „ТВ Училница“ со образовни содржини на македонски и на албански јазик од предвидените наставни програми.

Поради ризик од ширење на заразата, Владата на крајот на април донесе одлука онлајн-наставата да продолжи до крајот на учебната година, како и одлука оваа година да нема  полагање државна матура која се организира во средината на јуни. Матурантите ќе може да конкурираат на факултет на уписите во август-септември  со дипломата за завршено средно образование.

За еден месец е пролонгирано запишувањето на првоодделенците за 2020/2021, па наместо во цел мај, како во изминатите години, родителите имаат можност од 1 до 30 јуни да ги запишат своите деца во основно образование.

Роковите за упис на средношколци утврдени во Конкурсот не се менуваат, така што  на 16 и 17 јуни е првото пријавување во јунскиот уписен рок, со тоа што спроведувањето на уписите ќе биде согласно со протоколот донесен од Владата по препорака на Комисијата за заразни болести.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми во интервју за МИА пред десетина дена изјави дека се посветува внимание и се разговара и за прашања како би постапиле ако околностите со епидемијата во нашата земја  се исти или и полоши на почетокот на  учебната 2020/2021. Рече дека ако биде иста ситуацијата можеби и мерките ќе бидат исти или наставата поинаку ќе се организира.

-Генерално, ако имаме иста ситуација, исти околности, можеби ќе се соочиме со исти мерки или ќе размислиме во насока на реорганизирање или поинакво организирање и реализирање на наставата во училишните клупи, рече Адеми./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

По повод 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ, прелет на летала на АРМ над Скопје

НАЈНОВО

Цените на угостителските услуги во првите девет месеци од годината повисоки за 5,2%

October 7, 2025

Здружението на судии на РСМ со остра реакција за убиството на судија во Албанија

October 7, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Светска банка прогнозира раст на БДП од 3,1% за земјава

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чарли Ханам како сериски убиец во „Монструм“: Ослабев 14 килограми за улогата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk