Потпретседателот на движењето Беса, Кастриот Реџепи, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека денес имал средба со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, како и со единствениот советник албанец во Советот на општината, Мемет Хоџа.
Потпреседателот Реџепи најавува дека единствениот албански советник во оваа општина кој е избран во листата на ДУИ од денес ќе ги претставува политиките на Движењето Беса.