ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мицкоски со порака до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

October 7, 2025 22:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешниот митинг во Тетово во рамките на изборната кампања за локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер Христијан Мицкоски се обрати до Али Ахмети од ДУИ и му порача дека нивните политики ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци. Мицкоски рече дека нема да му одговара на Али Ахмети со неговата реторика.

-Иако тој тоа го сака, тој моли да му одговорам на неговото национал романтичарска реторика, јас на народот нема да му кажувам басни, туку реалност. Јас само ќе прочитам факти за неговото 20 годишно владеење. Додека тој говори за приказни, јас говорам за сурова реалноста. За една деценија има 27 илјади помалку ученици во Македонија. Работата на ДУИ значи 200 ученици  да има помалку во второто полугодие во школите во Тетово во 2023та година. Во Општина Гостивар – побарани исписници од училиште поради иселување се за 200 ученици во основно и средно образование во 2023та година. Пад на население гледано низ млади ученици кои ја напуштиле државата поради иселување изгледа вака Арачиново -14 отсто, Липково – 40 отсто, Теарце – 37 отсто, Тетово – 18 отсто, Боговиње – 37 отсто, Желино -28 отсто, Врапчиште – 32 отсто, Гостивар – 35 отсто, Кичево – 36 отсто, Струга – 32 отсто. Ова е суровата реалност коешто го донесе Али и неговото учество, повеќе од две децении во Владата, рече Мицкоски.

Тој се осврна и на правдата за која рече дека треба да биде право на секој граѓанин, а не привилегија на малкумина. Според Мицкоски, на Македонија и треба ресет на системот.

-Моментот што го чекале генерации е пред нас, време е за ресет на системот, време е да ги скршиме ланците на неправдата и да изградиме држава на правда, слобода и грижа за секого. Судството мора да биде непристрасно и непокорливо. Судии кои судат според закон, а не според влијание,  институции кои штитат, а не коишто молчат. Процедури кои враќаат доверба, а не креираат, не создава сомнеж, рече Мицкоски.

И затоа, како што истакна Мицкоски,„ оваа наша борба не е само за избори – ова е борба за душата на Македонија. За држава што ќе нè спои, а не ќе нè дели. За иднина во која никој нема да биде поважен од другиот, и во која секој ќе има еднаква шанса да успее“.

Пред присутните се обрати и Бранислав Светозаревиќ носител на листата со кандидати за советници за Општина Тетово. Тој рече дека фокусот на идниот состав на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ поддржана од Владата е решавање на најгорливите прашања на општината.

-Еден од најголемите приоритети е квалитетот на живеењето на граѓаните, па покрај патната инфраструктура ќе се фокусираме во многу почиста средина од ова што денес го имаме, преку најразлични решенија за решавање на сообраќајниот хаос, поефикасен и бесплатен јавен превоз, поефикасно решавање на проблемот со градскиот смет, претоварна станица и селекција на отпад, обновување на водоводната мрежа, нов градски парк, рече Светозаревиќ.

Тој потенцираше дека за младите ќе се формира и дигитален центар, и дека со трудољубивост и многу работа општина Тетово ќе стане подобро место за живеење за сите граѓани.

-За младите Младински културен центар, потоа Центар за знаење и практични вештини, Бизнис инкубатор, формирање на дигитален центар, во кои ќе се собираат  ученици и студенти кои работат на дигитални решенија. Затоа ви ветувам дека заедно со овие прекрасни луѓе од листата на советници на ВМРО ДПМНЕ ќе дадеме сѐ од себе, свесни на предизвиците и реалните проблеми со кои ќе се соочуваме, дека посветено ќе работиме на нашите планови и заедно со нашите коалициони партнери и поддршката на Владата и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски, ќе успееме нашето Тетово и нашата општина да бидат подостоинствено место за живеење на сите граѓани во нив, дециден е Светозаревиќ.

На митингот во Тетово се обрати и  и Дафина Стојаноска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието.

– Носителот на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ, проф. Бранислав Светозаревиќ е икона на македонштината, на македонските корени, на македонската историја. Горда сум и јас што имам можност да ви се обратам и кажам за Бране достоен да ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово, за Бране македонската легенда, рече Стојаноска.

Посочи дека носителот на листата има огромна улога и огромна чест и оти ќе сработи со задоволство и со срце за Тетово и за Македонија.

– Оваа листа на ВМРО-ДПМНЕ која во следнит состав на Советот на општина Тетово повторно ќе биде најгласната и најактивната, потенцира Стојаноска.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата пред митингот во Тетово одржаа средби со граѓани и митинзи во Маврово – Ростуше и Гостивар.

Next Post

Филипче: Гледаме арогантна и самобендисана власт која го руши нашиот дом, цигла по цигла

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk