ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Сè уште има простор за договор за датум за изборите, медијацијата на Вархеи е добредојдена

June 11, 2020 12:49
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ

Вицепремиерот Бујар Османи се согласува со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји дека се потребни фер, демократски и инклузивни избори, со земање предвид и на состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Сè уште верува, дека такви избори се можни на 5 јули. Тој смета дека неговата медијација во утврдување на датум за избори не е проблематична, бидејќи, како што вели со добивањето на одлука за почеток на преговори со ЕУ, земјава веќе станува внатрешно прашање на Унијата.

-Во однос на медијацијата мислам дека ние веќе стануваме внатрешно прашање на ЕУ со фактот дека добивме одлука за започнување на преговорите и медијацијата односно помагањето од страна на ЕК не го гледам како прашање на надворешно посредување. Тоа е внатрешно посредување бидејќи ние веќе сме дел од семејството. Тоа е како некој внатре во државата да посредува меѓу одредени политички партии или институциите. Така ја разбирам и улогата на комесарот Вархеи кој е комесар на Унија каде ние веќе полека стануваме дел. Така што добредојден е тој вид на медијација и се надевам дека политичките партии ќе смогнат сили да постигнеме консензус. Се согласувам апсолутно со неговиот твит дека се потребни фер демократски  и инклузивни избори имајќи ги предвид сите околности во врска со пандемијата, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфереција во Владата.

Во врска со уредбата што синоќа ја донесе Владата, а е поврзана со одредени изборни дејства, Османи истакна дека таа се повикува на претходната Уредба донесена во март во која беше прекинат рокот за избори.

-Тогаш всушност се одреди дека на денот кога ќе заврши вонредната состојба се враќа редовниот изборен рок, што значи 22 дена по завршување на вонредната состојба. Со донесување на вчерашната уредба всушност направивме само некои прецизирања од аспект на контрола на изборниот список, повикувајќи се на законската норма, но и неколку обврски што треба да ги направи Министерството за здравство за да ги обезбеди заштитните лични средства за ДИК. Се уште се надевам дека комуникацијата помеѓу политичките партии ќе продолжи во идните денови. Сè уште мислам дека има простор за еден правичен инклузивен процес на 5 јули, рече Османи.

Дали вонредната состојба ќе биде продолжена, според Османи, ќе се направи проценка во текот на утрешниот ден. Тој не скаше да прејудицира каква ке биде проценката и одлуката на Владата, само рече дека ќе се направи пресек на епидемиолошките трендови и потоа ќе биде изграден став кој ќе му биде презентиран на претседателот Стево Пендаровски.

Во врска со рамката за преговори со ЕУ, Османи вели дека според информациите со кои располагаат се разговара за одредбите кои треба да ги содржи новата методологија.

Рамката, посочува Османи, е исклучително важен документ за преговорите бидејќи во неа се утврдуваат принципите по коишто ќе се раководат преговорите, суштината, меѓутоа и одредени процедури.

-Во моментов се разговара, бидејќи во оваа фаза ја очекуваме драфт верзијата од страна на Комисијата, која потоа треба да оди во телата на земјите членки, односно на Советот во кои се претставниците на државите членки за тие да ги кажат своите позиции и своите интереси. Нашите информации се дека во моментот се разговара околу новите одредби кои ги предвидува новата методологија пред се во мнозинството и начинот на користење на мнозинството во суспендирање во унапредување на процесот на преговоритe, истакна Османи.

Next Post

Кој прв почна да шири дезинформации за „5Г“?

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, Инстаграм профил на Вучиќ

(ВИДЕО) Вучиќ ги повика студентите на јавна дебата „пред сите медиуми“

August 22, 2025

Нето-платата во јуни 45 468 денари

August 22, 2025

СДСМ: Мицкоски со „владините повереници“ сака да го суспендира Уставот и волјата на граѓаните

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сојузници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk