ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Да не си Турчин!

June 12, 2020 16:20
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Најголем впечаток ми остави епизодата во која децата од прво одделение го тепаат Ризаов.
Страшно!
Малите националистички ѕверови го нападнале својот соученик по проекцијата на филмот “Мис Стон”.
Манданата ги кренал нивните национални чувства како пареа во експрес лонец и тие своите зовриености морале да ги испуштат низ сигурносниот вентил кој се вика национална омраза.

Со жртва!
Овој пат од турска националност.
Таква била сугестијата на филмот.
Се расплакав.
Но, не над болката на Ризаов.
Туку над помислата: ех, какви деца имала Македонија.

На седум годишна возраст, во 1958/9 година, во дебелата македонска провинција, тие мали говна веќе биле филмски потковани и национално освестени, спремни да се тепаат за ослободувањето на Македонија од присуството на туѓоста, односно биле спремни да ги жртвуваат своите животи за да се ослободат од соживотот.

Шмркнав од мрсулот што ми се беше спуштил до горната усна и помислив: човеку, драмата на македонската нација е содржана во тој лак кој почнува со тепачката во Кочани, а завршува со коперниканскиот пресврт на Катица во ставот дека цената на соживотот ја плаќаме со животот.
Нормално, дека ја плаќаме, драга академичке, кога никој не оди в кино и не сака да го тепа Ризаов. Луѓето омекнаа и си викаат, човекот е стар, не е за тепање. Може да ни умре од првата посилна шлаканица!
Хахаха!
Што да ви кажам, драги пријатели, ретко лигава сториа е “најдобрата колумна во оваа година”.
Потрошив две кутии палома марамчиња додека ја читав следната епизода:

“Подоцна, кога учителите ќе кажеа „тие што не се Македонци да станат“, јас седев со наведната глава. „Ерол, ти што си по народност?“, за мене беше страшно прашање. Пелтечев, „да прашам дома, па ќе ви кажам утре“.
Е, мој Ерол!

Кога моите учители во Свети Николе викаа “тие што не се Македонци да станат”, јас седев со крената глава, со ги чешав јајцата преку дупнатиот џеб и кога ќе ме прашаа “Тричко, ти што си по националност!?” јас им викав “јас сум по националност националист!”
Така им викав, а тие викаа: “сместа да си го викнал татко ти, ти мал мангупе, уште од мал сакаш да ни ја сјебеш националната кауза!”

Така беше во тие волнени времиња.
Кога учителите ги прашуваа децата на седум години: ти, другарче, што си по националност?
Ах, бе Ризаов!

Може ли да се каже дека Македонците во Македонија се однесувале кон Турците полошо отколку што Турците се однесувале кон Македонците во Империја!?
Тешката судбина на Ризаов, сите негови трауми како Турчин, кои така несебично ги сподели со сите нас и кои, будејки го чувството на вина и грижа на совеста кај Македонците, предизвикаа невидени симпатии и срцекинателности, дава основа да веруваме дека било така.
На пример, во времето на Османската империја не можело да се случи во автобус на градскиот превоз Турчин да му рече на Гоце Делчев, преправен во црно ќумурџиче, седете до мене, господине, овие Македончиштата, смрдат.

Симболичката чудоредност на системот го произведе тоа фамозно и глупаво решение тој да биде само одговорен, но не и главен уредник на “Нова Македонија” и во таа смисла неговата националност навистина одигра важна улога, но тој тие работи ги знаеше и реши да ја претпостави стрвта по функцијата, пред националното достоинство.
Не случајно затоа што и таквата дефиниција на функцијата беше сериозно остварување во неговиот живот.
Да бев Турчин и јас би одиграл така.

На фонот на таа драма во “Нова Макединија”, Ризаов заборава да каже дека еден дел од неговата кариера се должи, имено, на тоа што е Турчин. Освен тоа, јас би можел да се пријавам како жртва на турскокеримистичко-јаничарската операција при смените во “Утрински”, обаче, каква смисла има тоа.
Нека да ги оставиме тие работи за поубави времиња. Но, морам да кажам дека знам многу Македонци кои би ги прифатиле сите овие пиздарии низ кои минал Ерол, за малку од неговите статуси.
Малку скромност, бе!
Морам, пак, да го цитирам Стефановски!

Колумната го потврдува стереотипното милје од кое извира, не го разбива, го банализира проблемот, го естрадизира и го естетизира на многу ниско ниво, Ризаов ја произведува својата несреќа и страдања за да може да ужива во нив, не за да ги премавне, тоа е страшно позерство, тие му се како ѕвоно со кое го објавува своето присуство, еј, еве сум, јас сум шиканиран, ме боли, тука сум, текстот оди во пресрет на чувствата на луѓето, дури и на потребата од саморефлексија и самокритика и ревизија, но не против, како што би требало, ако сакаме да ги менуваме работите, затоа што надвор од нив Ризаов не постои.
Сто и една приказна на приказната.

Да нема недоразбирања, ако некој пишувал дека Македонците го примаат самоубиствениот национализам како омега три масни киселини со мајчиното млеко, тоа сум јас, но тоа не е тоа за што пишува Ризаов.
Тој проблем не е анегдотален, тој е многу посериозен.
Антиалбанството тука е прва работа, а потоа доаѓа антибугарството, антитурството е многу ниско на таа скала.

Новата конституција на Македонија не може да се случи без ослободување на Македонците од Македонија и на немакедонците од нивниот немакедонски статус.
Приказната на Ризаов не е приказна за тоа ослободување.
Таа е ресентиментален рефлекс за кој авторот, можеби, не е свесен.
Верувам дека не е !
А спектакуларниот прием на колумната е знак дека општеството се однесува како осуденик на смрт, како некој кој решил за последна вечера да порача срање.


Сите права се задржани.  

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Избран новиот папа: Лео XIV првиот американски папа во историјата

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аналитичари сметаат дека Мицкоски спроведува етничка програма во мултиетничка држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk